Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Децата од градинката „Ангел Шајче“ денеска донираа облека, обувки, играчки и книги за нивните сиромашни врсници.
Оваа донација се реализира во рамки на проектот „Од дете за дете“, и е предадена на Центарот за социјални работи Куманово, кој ќе ја однесе помошта на социјално-загрозените семејства. Вработените во градинката велат дека целта е преку еден ваков проект, да се поттикне хуманоста кај децата уште од најрана возраст.
Во ова акција учествуваа 75 донатори, кои што се пред се родители на деца згрижени и воспитувани во нашата установа. Во акцијата се соберени 1796 парчиња и тоа детска облека, обувки за деца, детски играчки, други помагала за деца, постелнина, примероци на детска литература. Целта на овој проект кој го спроведуваме е подигање на хуманата свест кај децата. Од најмали нозе да научат колку е важно да си помагаме еден на друг - изјави Ивана Николиќ, заменик координатор на проектот од „Ангел Шајче“.
Николиќ вели дека секој месец имаат различни активности во рамки на проектот “Од дете за дете“.
Проектот „Од дете за дете“ е во соработка со Министерството за труд и социјална политика, заедно со јавната установа детска градинка “Ангел Шајче“ и Центарот за социјални работи Куманово - вели Ивана Лазаревска, координатор од Центарот за социјални работи Куманово.
Ваква донација се реализира по втор пат и истата ќе биде доставена до луѓето на кои им е најпотребна.