Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Децата од градинката “Ангел Шајче“ учат сообраќајна култура, со помош на полицајците од отсекот за превенција при СВР Куманово.
Досега се одржани неколку едукативни работилници на кои на децата на цд им се прикажува сообраќен буквар, изработен од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата.
“Децата учат сообраќајни правила за пешаци, возење велосипед, играње топка на улица, и потоа разговараме како тие работи ги сфаќаат. Во секој објект од градинката “Ангел Шајче“ оставаме цд и ова е работа која треба долгорочно да даде ефекти. Проектот е за сообраќајна култура на сите групи граѓани, но најмалите се најважни“ - вели Виолета Богдановска од отсек за превенција при СВР Куманово.
Следната тема на која децата во градинка ќе се едуцираат ќе биде за безбедност во домот.