×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дедо Мраз на мотор пристигна во Куманово

    26.12.2019 13:25 | KumanovoNews

    Дедо Мраз со неговите придружници, денеска на мотор пристигна на кумановскиот плоштад, каде се дружеше со најмалите. Беше пречекан со богата културно-уметничка програма од учениците од основните училишта „Кочо Рацин“, „Христијан Карпош“ и „Браќа Миладиновци“, а потоа однесе подароци во Дневниот центар за лица со посебни потреби.

    Дедо Мраз на мотор пристигна во Куманово

    Манифестацијата „Дедо Мраз на мотор“ започна да се организира во 2008 година, со што оваа година се одржува по 12-ти пат, во организација на Мото клуб „Мечки“ од Куманово.

    „Целта и организацијата ни беше да поттикнеме нешто добро кај луѓето. Најпрво, започнавме со возење на моторите низ градот и донирање на подароци во Дневен Центар за лица со интелектуална попреченост, а тоа се` уште го правиме традиционално. Малку нашиот репертоар го проширивме оваа година со учество на плоштадот и на средните училишта, ама главната цел никогаш не ја забораваме, а тоа ни се штитениците на Центарот со посебни потреби, тие ни се оставени за на крај. Сакам да изразам голема благодарност до сите, бидејќи претходната година немавме толку голема поддршка од други организации, оваа година се гледа дека она што ние сакаме да го правиме дека и другите сакаат да помогнат, иако ние сме моторџии луѓето гледаат нешто позитивно во нас за целиот град и за децата коишто се штитеници, на лицата со посебни потреби, “-вели Виктор Михајловски од Мото клубот „Мечки“.

    Родителите заедно со дечињата во раце, чекаа на ред за да се сликаат со Дедо Мраз на мотор и велат дека вакви организации се радост за сите луѓе, не само за децата.

    „Ова е убава манифестација, ние сите заедно како семејство дојдовме овде, овде е и маж ми и децата. Едноставно мислам дека сите треба да дадеме поддршка на вакви настани, за да прераснат во традиција,“- вели една од мајките.

    Моторџиите на Куманово, оваа година најпрво се собраа кај Градскиот базен во 11 часот, а потоа откако продефилираа низ градот пристигнаа на Градскиот плоштад заедно со претставници и од други градови на нашата земја, но и со учесници од Србија и Бугарија.