×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дедо Мраз на мотор во петок на Градскиот плоштад во Куманово

    20.12.2022 08:45 | Оливера Пешевска

    На Градскиот плоштад во Куманово во петок во 11 часот ќе пристигне Дедо Мраз на мотор. Мото клубот „Мечки Македонија“ по 15. пат ќе ја организира овааа манифестацијата за намладите, а годинава е под мотото „Тажните најубаво се смеат“. 

    Дедо Мраз на мотор во петок на Градскиот плоштад во Куманово

    Досега има пријавено околу 40 учесници, сите имаат опрема и костуми и сите што во моментот ќе бидат на Градскиот плоштад ќе имаат можност да се сликаат со Дедо Мраз и да добијат ситни подароци. 

    „Клубот во Куманово има 13 члена и безброј мото-пријатели. Со заеднички средства, донации од наши пријатели и пакетчиња од МК „Мечки“ годинава повторно ќе донираме на Дневниот центар за лица со посебни потреби. Секогаш донираме она што им е најпотребно, а оваа година ќе добијат компјутер“, изјави Јовица Гиновски, член на мото клубот и учесник во акциите.

    Откако ќе заврши дружењето на плоштадот моторџиите ќе направат дефиле по улиците во централното градско подрачје, по што ќе однесат подароци на корисниците на Дневниот центар за лица со посебни потреби. Оваа посета секогаш наидува на големо воодушевување кај присутните.