×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дедо мразовци на мотор однесоа подароци

    26.12.2014 14:42 | KumanovoNews

    Моторџиите од мото клуб “Мечки“, денеска однесоа пакетчиња и подароци на лицата со посебни потреби во Дневниот центар кај ЧИК.

    Дедо мразовци на мотор однесоа подароци

    Воодушевени од подароците и моторите децата разговараа со нив и се сликаа.

    Оваа акција ја правиме неколку години по ред за да им се посвети на децата со посебни потреби внимание, како и на сите деца. Да го направиме сето тоа поинтересно, доаѓаме со мотори, маскирани како Дедо мразовци и делиме симболични подароци за децата од центарот. Што повеќе вакви активности се добредојдени за овој град. Ние сакаме да служиме како пример. Да го побиеме имиџот на моторџиите дека се момци од таков или ваков тип - кажа Ивица Петковски, лице за односи со јавност во “Мечки“.

    На кумановските моторџии им се придружија и моторџии од другите градови. Оваа хуманитарна акција се организира по седми пат.