×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дејан Цветановски го фати светиот крст во црквата „Свети Никола“

    19.01.2020 09:24 | KumanovoNews

     Дејан Цветановски (32) од Куманово го фати светиот крст во фонтаната на црквата „Свети Никола“ во Куманово.

    Дејан Цветановски го фати светиот крст во црквата „Свети Никола“

    Цветановски првпат го фаќа крстот, а веќе седум години скокал по крстот  на големиот  христијански празник Богојавление- Водици.

    - Денеска среќата беше на моја страна да го фатам крстот. Очекувам здравје и среќа на мене и на целото семејство, - изјави Цветановски.

    Од свештеништвото на Соборниот храм доби икона, свет крст и други пригодни подароци.

    Оној што ќе го фати Светиот крст се верува дека ќе го следи благослов и среќа во текот на целата година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со спуштањето на крстот водите се осветуваат и стануваат лековити.

    Цветановски работи како возач во фирмата Оилко.