×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дејан Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде нов член на Советот на Општина Куманово

    29.10.2024 11:12 | KumanovoNews

    Дејан Јовановски од коалицијата на ВМРО- ДПМНЕ ќе биде нов член на Советот на Општина Куманово, на местото на досегашниот советник Мирослав Тричковиќ од ДПСМ кој замина на повисока функција. 

    Дејан Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде нов член на Советот на Општина Куманово

    Предлог - Одлуката за верификација на мандатот на член на Советот на Општина Куманово,  денеска требаше да се најде на дневен ред, но беше одложено поради тоа што Јовановски беше отсутен.

    Повлечени беа и точките за констатирање престанок на мандат и избор на член на Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања на Советот на Општина Куманово, за констатирање престанок на мандат и избор на член на Комисијата за комунални дејности на Советот на Општина Куманово, за констатирање престанок на мандат и избор на претседател на Комисијата за статут и прописи на Советот на Општина Куманово и за измена на Решението за определување на членови на Советот на Општина Куманово кои ќе учествуваат при склучување на бракови во Општината Куманово.

    Овие точки ќе бидат ставени на дневен ред на некоја од наредните седници.

    Јовановски е поранешен раководител во подрачното одделение на  Катастар Куманово, работеше во ЈП „Водовод“ во Скопје, сега во Хрватска.