Дел од градот без вода
08.05.2013 08:28
| KumanovoNews
Вода за пиење утрово немаат жителите што живеат во близина на Градската џамија, Болницата и Монопол.

Од ЈП „Водовод„ велат дека се работи за голем дефект на цевководот на улицата „11 Октомври„.
Без вода се и улиците „Никола Тесла“ и “Анѓа Ранковиќ“ во населба Перо Чичо. Екипи од ЈП“Водовод“ работат на терен и дефектите ќе бидат санирани во најкус можен рок.
Други дефекти во меѓувреме не се регистрирани.