Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градоначалникот на Марибор, Франц Канглер со неговите соработници престојува во дводневна посета на Општината Куманово. Целта на посетата е првите луѓе на Марибор да ги пренесат искуствотата во аплицирање на проекти од европските фондови и изработка на заеднички проекти, бидејќи и Марибор е втора најголема локална самоуправа во Словенија.
Ја инициравме оваа средба за да добиеме информации за искуствата од користењето на претпристапните фондови, затоа што Марибор е лидер во Словенија во тој правец. Се надевам дека во нашите разговори ќе ни го пренесат искуството за тоа како да аплицираме за тие средства во иднина, бидејќи Македонија е асоцијативна членка за влез во ЕУ.Имавме можност преку видео презентација на интернет да ги видиме сите проекти кои се реализирани или се во тек во градот. Преку камерите инсталирани на објектите и на веб-сајтот на градот има директна информација за тоа до каде е нивната реализација. Градоначалникот Канглер не усмери како ние имаме можност да аплицираме и да реализираме слични проекти - рече градоначалникот Зоран Дамјановски.
Соработката на двете општини ќе се одвива и културно и економско поле, а посетата беше искористена и за потпишување меморандум помеѓу јавните претпријатија.
Сметам дека Куманово има можност за аплицирање и користење на евроските фондови, а со тоа ќе се реши многу инфраструктурни проблеми и на жителите ќе им се подобри квалитетот на животот. Ние сериозно тргнавме на тој пат, кон користење на европските пари, но да знаете дека не е лесно.Треба многу труд, капацитет и посветеност.Јас лично сметам дека секое евро што го дава ЕУ, треба да се инвестира и да се искористи за вистинската цел. Марибор во последните три години заврши 14 европски проеки,моментно работи на 21 проект и вкупно доби преку 25 милиони евра. Сите фондови што беа на располагање ние ги искористивме. Имаме бесплатен безжичен интернет во градот и по тоа сме единствени во Словенија и во регионот- изјави Фрац Кендлер градоначалникот на Марибор.
Марибор ќе биде културна престолница на Европа во 2012 година и домаќин на Зимска олимпијада 2013.
Градоначалникот Канглер при престојот на Куманово ќе се запознае и со културните одбележја и карактеристики на градот. При тоа ќе ја посети пречистителната станица во Доброшане, црката Св.Ѓорѓи во Старо Нагоричане, Меморијалниот Центар на АСНОМ Пелинце, постојаната поставка на икони во цркват Св.Никола,Градскиот кеј, а ќе присуствува и на хепенингот на матурантите.