Мени

Делови од Куманово денеска и утре без струја

12.02.2026 09:13 | KumanovoNews

Планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија денеска и утре ќе има во повеќе населби во Куманово, поради изведување технички зафати на електромрежата.

Делови од Куманово денеска и утре без струја

Денеска, од 9 до 13 часот, без струја ќе бидат потрошувачите во населбата Доброшане, во делот зад стадионот.

Утре /13.02/, од 9 до 13 часот, прекин во снабдувањето ќе има на улица 100 во населбата Карпош, во м.в. Салон.

Од 10 до 13 часот без електрична енергија ќе останат и жителите на населбата Перо Чичо, во месноста Гладно Поле.

Во вторник, на 17 февруари, од 8:30 до 15:30 часот, струја ќе немаат потрошувачите во населбите Ајдучка Чешма и Иго Тричковиќ.