Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Непознати сторители демолирале дел од Спомен-костурницата на паднатите борци во Куманово. Вандалите, три ноќи по ред дивееле и го кршиле мермерот на двете плочи каде што се испишани имињата на борците, откорнале дел од бронзениот рељеф,ги извадиле и искршиле мермерните плочки од плочникот, и ги расфрлале на платото на споменикот.
Истовремено ја оштетиле и железната врата на костурницата од каде што изваделе и фрлале венци.
Не сакам да верувам дека во целиот случај има политичка основа, туку претпоставувам дека се тоа се луѓе под дејство на алкохол или опојни сретства, со намалена свест на расудување.Апелирам до граѓаните, освен полицијата сите да се вклучиме за да се откријат сторителите и да се престане со понатамошно уништување на овој значаен споменик од нашата историја и НОБ- вели градоначалникот Зоран Дамјановски.
Општетувањата уште првиот ден ги откриле вработене во ЈП „Чистота и зеленило„ кои се задолжени за одржување на паркот на споменикот, и случајот го пријавиле во полиција. Од таму велат дека извршиле увид на лице место и работат на пронаоѓање на вандалите.
Во мај месец беше првотото уништување на споменикот кога со копач беше искршен мермерот на жардиниерата, а цвеќето беше откорнато и расфрлано. И тогаш полицијата не ги пронајде сторителите.