×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ден на насмевката - колку се смеат кумановци?

    10.01.2014 14:48 | KumanovoNews

     Денеска е Светски ден на насмевката. Кумановци се познати шегаџии и затоа ги прашавме колку често се смеат и што може да ги насмее и расположи.

    Ден на насмевката - колку се смеат кумановци?

    Нашите соговорници велат дека насмевка на лицето најчесто им ја враќаат несекојдневните случки, децата, колегите и пријателите кои можат слатко да ги насмеат, иако велат дека реално многу често се соочуваат со проблеми.

    Можат да ме насмеат гафовите на син ми. Се смеам кога сум во друштво. Смеата според мене многу влијае за среќен живот, но ситуацијата е таква и многу е тешко некогаш да се насмееш. Инаку по природа сум позитивна - вели Горица Каранфиловска.

    Помладите се смеат сеќавајќи се на средношколските денови.

     Се случува да се смеам по цел ден, но тоа зависи кои луѓе се околу мене и дали знаат да ме насмеат. Кога ќе се потсетам на некои смешни моменти, највеќе на случките од средно училиште се смеам.  Во кругот на пријателите и колегите можам да се смеам ако има причина секако - рече Томица Спасовски.

    Психотерапевтот Лидија Манасиевска објаснува дека смеата е многу важна за луѓето, за нивното расположение и за исполнет живот. Таа им забележува на кумановци бидејќи кога ќе се случи некој немил настан сите го коментираат, а притоа забораваат да се радуваат на позитивните примери во општеството.

     Не треба да има некој посебен повод, можат да си кажат некој виц и да се насмеат. Во последен период гледате колку се луѓето преокупирани со обврски, сметки. За тоа е потребно самите да си создадеме механизам и да си го подобриме расположението. Постојат луѓе кои се позитивни и така настојуваат да им помине денот, месецот, секојдневието. По лицето, по мимиката опуштена се гледа тоа, а поголем дел од луѓето се намуртени, со проблеми реални или не - рече Манасиевска.

    Таа смета дека духовните вредности се поттиснати затоа што граѓаните се во трка со времето за да стегнат што повеќе материјални работи. Така ние трчаме низ животот, а не живееме, додава Манасиевска.