×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ден на жалост во Куманово, поради трагедијата во Романовце

    24.02.2020 13:48 | KumanovoNews

    Советот на Општина Куманово, денеска на вонредна седница донесе одлука вторник да биде прогласен за Ден на жалост, поради трагедијата која го снајде семејствата Алими и Сакипи во селото Романовце. Во несреќата загинаа три деца и еден повозрасен член на семјствотот, а уште 6 лица се борат за живот.

    Ден на жалост во Куманово, поради трагедијата во Романовце

    Советниците едногласно одлучија утре 25 февруари да биде Ден на жалост во Општина Куманово. При тоа се откажуваат сите забавни, културни и спортски манифестации, а  угостителските објекти се обврзани да емитуваат сериозна музика. Знамињата во Општината ќе бидат поставени на половина копје.

    - Во вакви тешки моменти тешко можат да се најдат зборови на утеха. Човечки е да тагуваме и да бидеме емотивни, но и да ја споделиме болката со семејствата и да се обидеме да им помогнеме во овие исклучително тешки моменти. Кога ќе изгубите некој близок член на семејството загубата е ненадомеслива, а болката огромна и навистина треба време повторно да продолжите со својот живот и да ја гледате иднината на останатите членови на семејството. Семејствата Алими и Сакипи се во исклучително тешка состојба, но со тоа што сите ние како граѓани на Општина Куманово, независно од етничката, верската, политичката и било која друга определба, независно од тоа каде живееме и каде работиме, сочувствуваме со нив и се обидуваме да ја споделиме нивната тага и болка. Со зборови на утеха да им дадеме малку надеж во овие тешки денови, да им покажеме дека не се сами во оваа трагедија и во овие тешки моменти, - изјави претседателката на Советот, Атина Мургашанска.

    Таа најави дека Советот во рамките на своите надлежности и можности ќе помогне на семејствата во матерјална и финансиска помош.

    Поддршка и сочувство на семејствата и побрзо закрепнување на повредените изразија и претставниците на сите советнички групи, како и градоначалникот Максим Димитриевски.

    - Куманово ќе прогласи Ден на жалост, бидејќи тоа е најмалку што можеме да направиме ние како сограѓани. Во овие тешки моменти сите сме сплотени и сите сме заедно со семејствата, им стоиме на располагање да помогнеме во секој момент институционално но и вонинституционално, за колку толку да им ја ублажиме болката на членовите на семејствата и на сите кумановци, кои ги потресе овој немил настан. Ние со двете семејства ќе бидеме засекогаш тука како вистински пријатели и комшии да се најдеме едни со други во најтешките моменти. Да се држиме заедно и да бидеме секогаш сложни и упорни да истраеме на сите предизвици коишто се пред нас, - рече во своето обраќање Димитриевски.

    Советниците беа едногласни дека истражните органи треба што побрзо да ги откријат причините за несреќата, а државата да преземе мерки за поголем контрола на производителите и продавачите на плински боци.