Денеска и утре без струја делови од Куманово и Старо Нагоричане
Во текот на денешниот и утрешниот ден без струја ќе останат потрошувачите на повеќе села во Општина Старо Нагоричане и делови од Куманово.

Според ЕВН, денеска (22.06.) во периодот од 09.35-11.35 часот без електрична енергија ќе биде дел од селото Стрновац и од 11.35-13.35 часот селата: Пелинце, Никуљане, Алгуља, Муталово, Коинце, Гулиновац, Враготурце и Челопек.
Утре (23.06.) во периодот од 9 до 12 часот без електрична енергија ќе биде дел од Железничка станица, како и селата Степанце, Малотино, Кокино, Арбанашко, Буковљане, Цветишница, Рамно, Драгоманце, Дејловце, Осиче, Длабочица, Пузаљка. Истота така утре во периодот од 8 до 14 часот без електрична енергија ќе биде дел од ул. Др.Рибар, Караорман, Ѓуро Ѓаковиќ и Поток серава.