Мени

Денеска и утре без струја неколку улици во Куманово

22.01.2026 08:51 | KumanovoNews

Денеска и утре без електрична енергија ќе бидат потрошувачите на повеќе локации во Куманово.

 

Денеска и утре без струја неколку улици во Куманово

Денеска, од 9 до 15 часот, струја ќе нема во населбата „Иго Тричковиќ“, во делот под училиштето.

Планирани прекини на електрична енергија за утре (петок), во периодот од 08:00 до 16:00 часот, ќе има кај дел од потрошувачите на улицата „Трајко Прокопиев“, од месноста Магаза до стовариштето за дрва и кон месноста „Чешмиче“, како и на дел од улиците „572“, „Благоја Думановски“ и „17 бригади“.