Мени

Денеска и утре без струја во дел од центарот на Куманово

04.04.2026 08:18 | KumanovoNews

Планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија денеска ќе имаат потрошувачите на неколку улици во централното градско подрачје на Куманово.

 

Денеска и утре без струја во дел од центарот на Куманово

Од 07:00 до 13:30 часот без струја ќе бидат корисниците на улицата „Трета МУБ“, во делот меѓу улиците „Народна револуција“ и „Гоце Делчев“, како и делови од улиците „Илинденска“, „Толи Зордумис“ и „Кирил и Методиј“.

Утре, пак, прекин во снабдувањето ќе има во објектите на Трговскиот центар „СУМА“, во периодот од 08:30 до 12:00 часот.