Денеска и во понеделник планирани прекини на струја на неколку локации
30.01.2026 08:50
| KumanovoNews
Денеска и во понеделник без електрична енергија ќе останат потрошувачите на неколку локации во градот.
Планиран прекин на електричната енергија денеска, од 8:15 до 16:30 часот, ќе има во дел од населбата Бабин Дол.
Во населбата Карпош, во месностите Мајорово Трло и Хавана, без струја ќе бидат од 8:30 до 15:00 часот.
Во понеделник, на 2 февруари, од 9:00 до 12:00 часот, без електрична енергија ќе останат зградите на улицата „Октомвриска револуција“ бр. 22, како и објектите на казино, „Техномаркет“ и „Кипер“.