×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Денеска ќе бидат погребани загинатите во пожарот во кочанската дискотека

    20.03.2025 10:16 | KumanovoNews

    Погребите на 59 загинати во страотниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани ќе се одржат денеска во повеќе градови во Македонија.

    Денеска ќе бидат погребани загинатите во пожарот во кочанската дискотека

    Најголем дел од нив - 30 ќе бидат погребани во Кочани,  а погреби ќе се одржат и во Штип, Пробиштип, Облешево, Скопје и Струмица .

    На погребот во Кочани на погребната церемонија ќе присуствуваа поглаварот на Македонската православна црква, Г. Г. Стефан, а ќе има и неколку владици од Синодот.

    „Ги замолувам граѓаните кои денес во Кочани ќе оддадат почит на настраданите, да не ја попречуваат погребната церемонија. Невозможно е, нехумано и непотребно, сите во исто време да пријдат околу телата на починатите. На родителите им треба утеха од најблиските кои претходно ќе влезат со нив. Поради конфигурацијата на теренот на градските гробишта во Кочани невозможно е безбедно влегување на поголем број на луѓе внатре во гробиштата“, велат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

    На и околу местата на погребите ќе бидат распоредени поголем број на лекарски тимови и вода за пиење.