Денеска полни раце работа за Брзата помош
03.06.2014 11:40
| KumanovoNews
Брзата помош денеска имала 13 интервенции до 14 часот што претставува двојно повеќе работа од претходните денови.

- Денеска имаме зголемен обем на работа. Имаше една сообраќајна несреќа во центарот на градот при што еден човек со повреда на главата е префрлен на хирургија. Останатите се хронично болни, срцевоболни, луѓе со белодробни заболувања, психички болни - велат од Брза помош.