Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
40 дена по Велигден и секогаш е во четврток се празнува Христовото вознесение- Спасовден. На тој ден Исус Христос им се јавувал на своите ученици и ги подготвувал за нивната идна активност.
Во овој период луѓето се уште се поздравуваат со "Христос воскресе" и си отпоздравуваат со "Навистина воскресе". Во спомен на Христовото вознесение на небото Христијанска црква го востановила празникот Вознесение Христово или Спасовден кога се празнува Денот на Спасителот на Светот- Исус Христос.
На овој ден луѓето ги посетуваат црквите што го носат името "Свети Спас". Во кумановско, повеќе села го слават Спасовден како селска слава.