Мени

Денеска започнува Купот на Македонија во кошарка – Куманово ќе игра против Пелистер

13.02.2026 11:03 | KumanovoNews

Во спортската сала во Куманово, денеска започнува завршниот турнир од Купот на Македонија во кошарка – „Благоја Георгиевски – Буштур“.

Денеска започнува Купот на Македонија во кошарка –  Куманово ќе игра против Пелистер

За освојување на престижниот трофеј ќе се борат осум екипи, а Куманово за првпат е домаќин на овој настан.

Купот ќе го отвори натпреварот помеѓу ТФТ и Феникс во 12 часот. Веднаш потоа следува вечното дерби помеѓу МЗТ Скопје и Работнички од 14:30 часот.

Во 17:00 часот ќе играат Кожув и Маџари, а последниот натпревар од денешната програма, со почеток во 19:30 часот, е дуелот помеѓу екипите на Куманово и Пелистер.

Тренерот на МКК Куманово, Марин Докузовски, на прес-конференцијата изјави дека и покрај неколкуте повредени играчи, тимот е консолидиран и ќе го даде својот максимум.

„Сепак сме домаќини и се надевам дека со помошта на нашата верна публика, популарните Кумани, ќе го оставиме срцето на теренот и ќе дадеме сè од себе за да победиме уште во првиот натпревар, а понатаму – здравје“, изјави Докузовски.