Денис Каревски е новиот претседател на ЛиДеМ Куманово
19.11.2015 10:24
| KumanovoNews
Денис Каревски, дипломиран менаџер по бизнис и логистика е нов претседател на либерално-демократската младина од Куманово.

Тој доаѓа на местото на досегашниот претседател Давид Цаневски и ќе ја води ЛиДеМ во наредните две години.
Моја заложба ќе биде да се окрупни младината, а кога ќе имаме стабилна младина да ја срушиме оваа недемократска власт - рече Каревски.
Во партиските простории синоќа се одржа и редовно годишно изборно Собрание, на кое беше избран новиот состав на општинскиот и надзорниот одбор.