Денот на албанската азбука неработен за Албанците
19.11.2013 08:37
| KumanovoNews
Во петок се одбележува Денот на албанската азбука и по тој повод припадниците на албанската етничка заедница нема да работат.

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија, 22 ноември 2013 година (петок), Денот на албанската азбука, е неработен ден за граѓаните припадници на албанската заедница во Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на албанската заедница им го честита Денот на албанската азбука.