Денот на книгата одбележан во „Перо Наков“
26.04.2016 08:36
| KumanovoNews
Под насловот „Книгата – ризница на знаењето“, вчера во Средното општинско училиште „Перо Наков“ се одржа поетско-музичка манифестација, на која учениците заедно со членови на Друштвото на писатели од Куманово, го одбележаа Денот на книгата, 23-ти април.
Учениците се претставија со свои лични творби, а дел од нив читаа стихови на странските јазици кои се изучуваат во училиштето, проследени со музички нумери. Гостите можеа да уживаат во стиховите на Пушкин, Превер, Блаже Конески, Петре М Анреевски , Кочо Рацин и други великани на светската поезија.

На свеченоста присуствуваа и писателите од Куманово, кои беа пријатно изненадени од умешноста на учениците во презентирањето на стиховите.

