Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денот на водите, утре ќе го прослават и водоснабдителните претпријатија и рибарите во градот.
Во 11.30 часот на Градскиот Кеј, рибарите организираат заедничка прослава на која ќе бидат осветени водите на реките и ќе се избере кум на празникот.
Во јавното претпријатие „Водовод„, прославата е напладне во просториите на Филтер станицата.
Традиционално, вработените во Кумановско-липковско поле ќе го одбележат празникот на браните Липково и Глажња.