×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Денови на комедија по 18-ти пат

    30.09.2015 13:14 | KumanovoNews

     Со комедијата “Нешто пропуштаме“ од Театар комедија Скопје, утревечер во 20 часот во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“, започнува 18-от Меѓународен театарски фестивал “Денови на комедија Куманово 2015“.

    Денови на комедија по 18-ти пат

    На програмата ќе се најдат 15 домашни и странски претстави од тетари од Косово, БИХ, Бугарија и Србија.

    Единаесет претстави ќе бидат од репертоарот од македонските театри. Сакам да нагласам дека  и оваа година фестивалот има ревијален карактер. Оваа година е финансиран од Министерството за култура. Минатата година имавме 10 претстави и успеавме да ги видат околу 5000 кумановци, а оваа година се потрудивме да имаме 15 претстави со тоа што очекуваме 7000 посетители - изјави Георгиев.

    За „Денови на комедија“ стандардно се бара место повеќе и билет повеќе. Директорот на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“, Роберт Павлевски вели дека вообичаено има неколку претстави кои се поатрактивни за публиката.

    Билети нема за одредени претстави. Знаете пред десетина години фестивалот броеше 6 до 8 до 9 претстави, сега ставивме 15. Сепак е фестивал, не смееме многу да претераме со таа бројка. Кумановската претстава останува на репертоар и ќе продолжи да се игра секако. Премиерата ќе ја гледаме на фестивалот, а веќе и првата реприза е распродадена - вели Павлевски.

    Ристо Стефановски, доајенот на македонската театрографија кажа дека за сите театри во земјава е престиж да учествуваат на овој фестивал. Вели дека комедијата е најубавото од театарот и таа го одржува театарот. Тој се надева дека за 20 годишниот јубилеј на фестивалот ќе биде издадена публикација.

    Задутре велешкиот театар “Ј.Х.К. Џинот“ ќе ја изведе комедијата “Спанаќ со пржени компири“. На 3 октомври продукција Видик од Скопје ќе ја игра “Ни ваму, ни таму“. На 4 октомври на репертоар е Драмски театар Скопје со претставата “Чолак“.  На 7 октомври прилепскиот театар “Марко Цепенков“ ќе ја игра “Премиера во сабота“. Штипскиот театар “Ацо Шопов“ на 8 октомври ќе настапи со претставата “Лулка“. Театарот Талија од Тузла, БИХ на 9 октомври ќе се претстави со комедијата “Државен лопов“. на 10 октомври Евробалкан Институт од Приштина, Косово ќе ја изведе “Чехов му кажа збогум на Толстој“. Драмскиот куклен театар Силистра, Бугарија на 12 октомври ќе ја игра комедијата “Се бара нов сопруг“. Турскиот театар Скопје на 14 октомври ќе ја изведе претставата “Слуга на двајца господари“. На 15 октомври битолскиот театар ќе настапи со “Без паника“. На 16 октомври охридскиот театар ќе се претстави со комедијата “Детектор за лаги“. На 17 октомври албанската драма при театар Куманово ќе ја игра “Бонсерс“, а истата вечер продукцијата Видик од Белград, Србија ќе ја игра “Љубовници“. На затварањето на 18 октомври театар Куманово ќе ја изведе премиерно претставата “Идиоти“ .