Мени

Премиера на детскиот мјузикл „Пат околу светот за 80 дена“ на „Студио МАК„ утре во Куманово

29.06.2026 10:01 | KumanovoNews

Во големата сала на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, утре со почеток во 20 часот премиерно ќе биде изведен детскиот мјузикл „Пат околу светот за 80 дена“, во режија на Горан Илиќ, во продукција на „Студио МАК“.

 

Премиера на детскиот мјузикл „Пат околу светот за 80 дена“ на „Студио МАК„ утре во Куманово

Инспириран од безвременското дело на Жил Верн, мјузиклот ја следи авантурата на Филеас Фог, кој се обложува дека може да го обиколи светот за само 80 дена. Она што ја прави оваа продукција поинаква е спојот на танцот, театарот, музиката и филмот.

Покрај сценската изведба, публиката ќе има можност да проследи и специјално создадени филмски секвенци и LED-визуелизации што ја следат приказната и ги поврзуваат различните светски дестинации во едно уникатно сценско доживување.

„Ги покануваме сите љубители на сценската уметност да бидат дел од ова спектакуларно патување и заедно со нас да го обиколат светот низ магијата на танцот, музиката, театарот и филмот“, велат од “Денс студио МАК“.

Режијата е на Горан Илиќ, музиката е дело на Шпенд Љатифи, кореографијата на Мерлин Стојановска, додека филмската продукција, видеомонтажата и визуелните ефекти ги реализира Андреј Стојановски.