Девет пожари во текот на вчерашниот ден во кумановско и липковско
На територијата на општините Куманово и Липково вчера се регистрирани 9 пожари на запалени страништа, сува трева, ѓубре и нискостеблеста шума.

Почнувајќи од 9 часот па до 02.30 часот по полноќ, пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Куманово со сите расположиви капацитети повеќе од 17 часа се бореле со огнената стихија на отворено.
Пожари се регистрирани во селата Речица од 08:55 до 09:40 часот, Романовце од 15:30 до 17:30 часот, Речица-кај свињарска фарма од 16:50 до 18:30 часот, Ваксинце од 11:50 до 02:00 часот, Романовце 22:40 до 23:45 часот, Љубодраг 21:40 до 23:30 часот и Речица од 01:45 до 02:30 часот.
Во градот бил предизвикан пожар на Градските гробишта од 12:00 до 00:35 и во Средорек 19:55 до 20:40 часот.
Еден од пожарите синоќа можеше да се види од градот, а црн чад и загаден воздух повторно го обвитка Куманово.