Девет села утре без струја
18.08.2014 12:07
| KumanovoNews
Девет кумановски села утре ќе бидат без напојување со електрична енергија.

Од 8 до 16 часот струја ќе нема во Клечовце, Стрезовце, Војник, Зубовце, Скачковце, Габреш, Кучкарево, Мургаш и Кшење.
Од ЕВН Македонија велат дека планираните исклучувања ќе бидат заради изведување на технички зафати во мрежата.