Диететски додаток за исхрана запленет на Табановце
17.11.2014 13:41
| KumanovoNews
Скоро триесет килограми диететски додаток за исхрана викендов се откриени на граничниот премин Табановце автопат.

Нецаринетата стока е најдена при контрола на српски автобус, пријавен за влез во државата. Непријавените производи биле во 2 куфери, сместени во багажниот простор на автобусот, сопственост на патничка, македонска државјанка.