×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дијабетесот во пораст

    15.01.2014 11:37 | KumanovoNews

    Триесетина ново заболени од дијабетес биле откриени лани во акциите за бесплатно мерење на шеќер во крвта.

    Дијабетесот во пораст

    Од здружението на дијабетичари во Куманово минатата година организирале прегледи за 470 граѓани кои не се нивни членови.

    Од вкупно прегледаните во руралните средини 6,3 отсто се луѓе болни од дијабетес кои не биле свесни за болеста. Нив ги упатуваме во Центарот за дијабетес каде добиваат совети, им се препорачува диета, физичка активност, третман, лекови. И оваа година ќе продолжиме со слична програма со најмалку 10 акции за откривање на болни од дијабетес - изјави Драган Гачевиќ, претседател на Здружение на дијабетичари Куманово.

    Здружението брои 6000 членови на подрачјето на Куманово, Липково и Старо Нагоричане од кои 2000 се на инсулинска терапија.