×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дијабетичарите бараат редовна дистрибуција на инсулин

    04.02.2016 14:48 | KumanovoNews

    Од Здружението на дијабетичари Куманово бараат редовна дистрибуција на инсулин од надлежните затоа што претходно се случувало инсулинот да доцни.

    Дијабетичарите бараат редовна дистрибуција на инсулин

    Предупредуваат дека доцнењето може да има негативни последици по здравјето на болните од дијабетес, а дополнителен проблем е што лентите кои ги добиваат за самоконтрола се неточни. Тие се надеваат дека на ниво на држава преку своето здружение ќе ги надминат овие проблеми.

    Инсулинска терапија понекогаш има, понекогаш нема. Но најпроблематично е што лентите и инструментите кои ни ги даваат не покажуваат правилно. Мислам дека со заеднички сили и со централно раководство, со соработка со пациентите ќе биде наскоро и тоа надминато. Како и секогаш во Центарот за дијабетес во Куманово ги подигаме, а понекогаш нема или нема од одреден тип на инсулин. Не смее да се дозволи да доцни. Јас лично имам една месечна доза скокнато, немам земено - вели Стефан Јовановски, претседател на Здружение на дијабетичари Куманово.

    Во Куманово околу 2000 дијабетичари се на инсулинска терапија.

    Се случувало да доцни, но тоа е на ниво на држава, не само кај нас. Ние сме најмногу и затоа кај нас се забележува. Ние можеби имаме дијабетичари колку цела Источна Македонија - кажа Стоиле Анастасовски, дијабетичар.

    Здружението утре во 10 часот организира акција за бесплатно мерење на шеќер во село Ропаљце,  а во 12 часот ќе бидат во село Никуштак.