×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дијабетичарите ќе организираат 12 акции за мерење на шеќер во крвта

    29.01.2016 10:02 | KumanovoNews

    Здружението на дијабетичари Куманово оваа година ќе реализира 12 акции за бесплатно мерење на шеќер во крвта.

    Дијабетичарите ќе организираат 12 акции за мерење на шеќер во крвта

    Секој месец ќе има по една акција за откривање на заболени од дијабетес, а воедно во 2016 година ќе се одржат најмалку две едукативни предавања за дијабетичарите.

    „Ќе ги посетиме селата Никуштак, Умин Дол, Ново Село, Черкезе и други. Ќе правиме акции по месни заедници, ќе опфатиме урбани средини, рурални средини, оддалечени села и поголеми фирми. Кога зборувам поголеми фирми мислам на фирми кои имаат повеќе од 10, 20, 30 вработени. Вообичаено акции правиме во чевларските фирми во градот“- вели Стефан Јовановски, претседател на Здружение на дијабетичари Куманово.

    Здружението во текот на март месец ќе организира акција за мерење на шеќер во крвта во една од чевларските фирми во Куманово.