Дијабетичарите на екскурзија во Берово
23.09.2013 08:20
| KumanovoNews
Членови на Здружение на дијабетичари Куманово на 2 октомври ќе го посетат Берово каде ќе имаат едукативно предавање.
Предавањето ќе биде за шеќерната болест, компликации кои можат да настанат, превентива, терапија. Предавачи повикуваме лекари кои работат со дијабетичари. Целта ни е екскурзијата да биде содржајна, да посетат знаменитости дијабетичарите, но и да научат нешто - вели Драган Гачевиќ, претседател на Здружение на дијабетичари Куманово.
Здружението секоја година организира по три вакви екскурзии од кои една е во околината на градот, а две се надвор од Куманово.