×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дијабетичарите се едуцираа за кардиоваскуларни заболувања

    30.09.2015 13:11 | KumanovoNews

    Дијабетичарите денеска во просториите на Општа болница Кумaново следеа предавање на тема „Болести на големите крвни садови кај дијабетeсот“.

    Дијабетичарите се едуцираа за кардиоваскуларни заболувања

    Тие беа советувани како да се грижат за своето здравје, да внимааат на исхраната, да се движат, да не пушат, кои се здравствените ризици и компликации. Предавачот интернистот Ладислава Крстиќ-Милосављевиќ рече дека кај дијабетичарите често се јавуваат срцеви и мозочни удари.

    Ризици има многу. Денеска темата ни е кардиоваскуларни заболувања, од коронарна артериска болест, мозочен удар , зголемен ризик за хипертензија, за периферни васкуларни болести, значи голем е дијапазонот. Денеска ќе се задржиме на најчестите и ќе гледаме од практичен аспект да објасниме за пациентите - рече докторката.

    Предавањето го организира Здружението на дијабетичари од Куманово по повод вчерашниот ден 29 септември-Ден на срцето.

    За наши членови ќе има мерење на шеќер , да го проверат шеќерот пред ручек. Успеавме на сите пациенти кои се на инсулин да обезбедиме по едно апаратче и 50 ленти на два месеци. Тоа е наша заслуга, со молби до министерство го решивме тој проблем - рече Драган Гачевиќ, претседател на Здружение на дијабетичари од Куманово.

    Присутните кажаа дека се придржуваат до советите од лекарите, примаат терапија и редовно одат на предавањата за дијабетичари.

    Ова е предавање за васкуларниот систем кој ми е оштетен и убаво е да слушнам. Дијабетичар сум 20 години. Дисциплинирана сум во однос на исхрана, примање терапија и во однос на сите предавања кои ќе ми бидат корисни за моето здравје. Примам инсулин редовно, наутро, напладне и навечер - изјави Виолета Паневска, дијабетичар.

    Гачевиќ вели дека имаат регистрирано над 6000 дијабетичари во Куманово, од кои 2000 примаат инсулин, а тип 1 имаат 40 деца. Тој додава дека на секој еден откриен има плус уште еден заболен од дијабетес кој не е откриен. За таа цел организираат секоја година мерења на шеќер по селата, при што се покажало дека од вкупно опфатените граѓани 6 отсто се заболени од дијабетес.