Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановски дилери на дрога и купувач радовишанец завршиле во полиција, откако се скарале за дрога.
А.М.(27) од Радовиш, дошол во Куманово да купи дрога и се сретнал со посредникот Ф.Р.(30), на кој му платил 4000 евра за два килограми сканк. Откако ја договориле зделката заминале да се сретнат со дилерот Ф.С.(31), кој им ја дал дрогата. Кога радовишанецот видел дека во кесите наместо сканк има марихуана,и сфатил дека е измамен, побарал од Ф.Р.да му ги врати парите. Посредникот му ветил дека наредниот ден ќе се раздолжат и го однел да преспие во мотел.
Кога радовишанецот тргнал да си ги земе парите, бил фатен од полицијата.Веднаш потоа и двајцата кумановци биле приведени, и по извршен претрес во нивните домови пронајдени се и одземени поголема количина на пари и мобилни телефони. По извршеното вештачење на одземената наркотична дрога е констатирано дека се работи за над 2,9 килограми марихуана.
Тројцата ќе одговараат за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, а истражен судија им одреди 30 дена притвор.
Пријавените се познати сторители на кривични дела за што им се поднесувани кривични пријави и тоа на првопријавениот за убиство во обид, изнуда, недозволена трговија со дрога и предизвикување општа опасност, на второпријавениот за разбојништво и насилство, додека на третопријавениот за тешка кражба.