Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, го осуди вандалското однесување на поединци и групи, како и уништувањето и сквернавење на македонското знаме, при вчерашната прослава на Денот на албанското знаме.
Тој побара насилниците да бидат откриени и казнети.
„Јавно ги осудувам ваквите настани и барам од институциите на прогонот, ваквите поединци и групи да ги открие и изведе пред лицето на правдата, и да бидат санкционирани според закон. Истото го очекувам и за моите колеги градоначалници на кои оваа не им е прв пат да го кршат законот без да поднесат одговорност“, објави Димитриевски.
Тој вели дека како градоначалник на сите граѓани во Куманово, од почит кон албанската заедница вчера им го честитал празникот, а воедно и во рамки на годишната програма за култура со едногласна одлука на Советот бил поддржан овој настан, како и многу други во Куманово, кои ги негуваат правата на етничките заедници.