×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Димитриевски меѓу тројцата најпопуларни градоначалници во државата

    23.04.2021 18:48 | KumanovoNews

    Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски е еден од тројцата градоначалници кои имаат најголема поддршка кај граѓаните, покажала анкетата на МЦМС „Доверба во Владата и локалните избори" што ja спровела агенцијата „М-проспект“.

    Димитриевски меѓу тројцата најпопуларни градоначалници во државата

    Според ова истражување за Митко Јанчев градоначалник на Кавадарци се изјасниле 10,5% од испитаниците, на второ  место е Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар, а трет е Максим Димитриевски.

    Гледано низ етничка перспектива, етничките Македонци најчесто ги препознавале како најдобри градоначалници Митко Јанчев(14,8%) и Максим Димитриевски (7,6%), а потоа Петре Шилегов (3,5%).

    Припадниците на другите заедници, најчесто се изјаснувале за Максим Димитриевски (15,2%).

    Ако се гледа од аспект на симпатизерите на политичките партии, четвртина од оние на ВМРО-ДПМНЕ (26,6%) се изјасниле за Митко Јанчев, а Максим Димитриевски, кој на претходните избори беше кандидат на СДСМ и Борче Митевски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ добиле ист број гласови односно 9,6%.

    Неопределените најчесто се изјаснувале за Максим Димитриевски (6,8%), а потоа за Митко Јанчев (5,1%) и Арбен Таравари (4,9%).

    За вкупно 44 градоначалници се изјасниле помалку од 1%.

    Најголем број од граѓаните или 44,0% на локалните избори ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, односно 22,4% ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, а 21,6% за СДСМ. Следната најголема поддршка е за ДУИ (8,0%), за Алијанса за Албанците ќе гласаат 6,2%, а за Левица 5,2% од испитаниците. За некоја од другите партии ќе гласат 2,7% од испитаниците. Бројот на оние кои нема да гласаат, ќе излезат ама ќе го поништат ливчето е вкупно 18,1%, а оние што рекле дека не знаат или одбиле да одговорат се вкупно 15,9%. Значи вкупно една третина или 34,0% е неизвесно за кого ќе гласаат во втората половина на октомври оваа година за кога се планирани седмите локалните избори во независна Македонија.

    „Од аспект на етничката припадност на испитаниците, може да се види дека 31,5% од етничките Македонци ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, 26,9% за СДСМ и 7,3% за Левица. Околу една третина, односно 32,1% од етничките Албанци ќе гласаат за ДУИ, а 24,1% за Алијанса за Албанците. Вкупно 7,7% избрале некоја друга политичка партија, а поддршката за СДСМ е 2,4%. Што се однесува до припадниците на другите заедници, најголем процент (39,4%) ќе гласаат за СДСМ, а 9,1% за ВМРО-ДПМНЕ. За Алијанса за Албанците и за Левица ќе гласаат по 3,0%. Процентот на оние за кои е неизвесно за кого ќе гласаат е видливо поголем кај припадниците на другите заедници и изнесува 45,5% “, покажало испитувањето.