×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Димитриевски повика на смиренот и сплотеност за време на полицискиот час

    03.04.2020 20:15 | KumanovoNews

     Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевси, вечерва ги повика граѓаните на смиреност и сплотеност, како и да ги почитуваат мерките на Владата додека трае продолжениот полициски час.

    Димитриевски повика на смиренот и сплотеност за време на полицискиот час

    - Треба да сме свесни и дисциплинирани можеме да издржиме до понеделник, тие што немаат можност да се снабдат со најнеопходното ќе добијат асистенција овие два дена. Колективното здравје е приоритет број еден. Жалам за сето ова низ што поминуваме сите заедно. Апелирам на смиреност и без паника ќе го надминеме и ова. Целта е да го спречиме ширењето на вирусот, држете дистанца и останете дома, - апелираше градоначалникот.

    Тој смета дека одлуката за ограничување во движење е неопходна и затоа треба сите да ја почитуваме за да се спречи пандемијата.

     -  Дали требаше да се најави, да секако, Општинскиот штаб за заштита и спасување тоa го бара уште од 22 март. Тоа што поединци цело време неодговорно се однесуваат и не ги почитуваат препораките и мерките на штабот и Владата и не доведоа сите во опасност, - информираше Димитриевски.