×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Димитриевски: Среќни сме што имаме заедничка прослава на Бадник

    06.01.2020 13:26 | KumanovoNews

    Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, домаќин на прославата на Бадник, која што ја организира Здружението Коледари, смета дека граѓаните на Куманово се среќни што можат да уживаат во заедничко прославување на големиот христијански празник.

    Димитриевски: Среќни сме што имаме заедничка прослава на Бадник

    „Во пресрет на најголемиот христијански празник Рожеството на Исус Христос, традиционално на Градскиот плоштад од страна на чуварите на традицијата, Здружението на коледари се организира и одбележува оваа манифестација, делење на бадникови гранчиња. Сите сме среќни што имаме ваква организација во градот. Оваа прилика сакам да го честитам големиот празник и Божиќ на сите православни христијани во градот. Да повикам на заедништво, взаемно почитување, соработка и секако да ги надминеме сите предизвици во 2020 година, заедно сполетени едни со други. Здравје, среќа и љубов во секој дом, а обврска на нас политичарите е да работиме многу повеќе во интерес на народот, бидејќи има потреба од нешто што се вика просперитет и поубава иднина“, истакна Димитриевски.

    Градоначалникот денеска со колерадите ја скрши бадниковата погача, којашто е осветена во црква, а се фати и на оро со организаторите и кумовите.

    „Овој бадников ден ќе се одбележи со повеќе настани. Тргнавме со бадниковата поворка, а од тука натаму ќе посетиме неколку приградски населби, кои го одбележуваат празникот и вечерва ќе се видиме на Градскиот плоштад“, изјави  Димитриевски.

    Прославата на Бадник помина со оро и песна, а на присутните им беа поделени бадникови гранчиња, овошје и греана ракија.