Димитриевски води во Куманово
19.10.2025 21:34
| KumanovoNews
Кандидатот за градоначалник на Куманово од Движењето - ЗНАМ, Максим Димитриевски води по бројот на освоени гласови на локалните избори во Куманово, во однос на неговите противкандидати.

Според податоците на ДИК, од обработените 40 отсто од гласовите Димитриевки има освоено 4.614 гласа.
Останатите кандидати, Селвер Ајдини од ДУИ 3.000, Мартин Костовски од СДСМ 1.619, Арбен Атеми од Влен 1. 890, Горан Стојковски 1.184, Мирослав Петковиќ 550 и Виолета Арсовска 109 гласа.
Димитриевски се кандидираше за трет мандат, и доби поддршка од коалициската партија ВМРО-ДПМНЕ.