×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Димитровска ги повика граѓаните да гласаат за „Одлучно за промени“: Време е за нова генерација на политичари

    15.10.2021 15:46 | Сузана Николиќ

    Кандидатката за градоначалник на Куманово од движењето „Одлучно за промени“, на ЛДП и ДОМ, Теодора Димитровска ги покани граѓаните во недела на 17 октомври да излезат и да се одлучат за промени, да гласаат за бројот 2, за неа и за советничката листа предводена од Валентин Ефтимовски.

    Димитровска ги повика граѓаните да гласаат за „Одлучно за промени“: Време е за нова генерација на политичари

    „Доста веќе во Куманово владее црно-белиот свет, излезете и бидете одлучни за промени. Доста веќе сите чувствуваме дека нема простор за други сили, друга енергија и друга генерација на политичари“, рече Димитровска.

     Таа рече дека во изборната кампања претставиле само половина од нивната програма, но во наредниот период ќе ги презентираат сите проекти.

    „Една од нив е изработка на подземен катастар во кој ќе бидат сместени водоводната, канализационата и атмосферска инфраструктура, сите приклучоци во шахтите, електричните кабли. Исто така предвидуваме намалување на паушалите на советниците за 6.000 денари и ги пренасочуваме тие средства за ужинка на деца кои се во основно училиште до 5-то одделение. И за крај, но не помалку важно е поставување на саат кула, која што била во 17-от век во Куманово, како туристичко информативно биро кое од една страна ќе биде сувенирница“, кажа Димитровска.