×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Директорот на „Пазариште“ Гзим Кадриу си поднесе оставка, Алијансата за Албанците излегува од локалната власт

    04.07.2025 11:34 | KumanovoNews

    Директорот на ЈП „Пазариште“ Гзим Кадриу си поднесе оставка од функцијата, иако неговиот менаџерски договор трае до 27 ноември 2027 година.

    Директорот на „Пазариште“ Гзим Кадриу си поднесе оставка, Алијансата за Албанците излегува од локалната власт

    Тој е потпретседател на Алијансата за Албанците, предводена од Арбен Таравари, која излезе од Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, со што и на локално ниво се раскинува коалицијата.

    Во отвореното писмо до јавноста, Кадриу надевува дека оставката е резултат на неспроведување на проекти кои биле во интерес на граѓаните. 

    „Откако Алијансата за Албанците ја напушти владата поради неуспехот на ВЛЕН да спроведе ниту една точка од програмскиот договор, се промени и динамиката на реализација на проектите на локално ниво. Во Советот на Општина Куманово, советник Албанец, кој дојде на тоа место со гласови на Македонците од СДСМ, премина во партијата на Изет Меџити, давајќи му на градоначалникот Максим Димитриевски целосна удобност да владее без да му треба гласот на советникот од АА. Таа и нејзината нова партија досега не поставија никакви барања за Албанците, туку единственото барање беше Алијансата за Албанците да се отстрани од локалната власт и да се запрат проектите што ги започнавме. Секако, оваа „понуда“ беше доброволно прифатена од Димитриевски“, наведува Кадриу.

    Тој за себе вели дека бил единствениот директор Албанец кој максимално го заштитил буџетот на претпријатието, и првиот директор кој се откажал од сите бенефиции, заради проекти во корист на граѓаните.

    „Доколку градоначалникот Максим Димитриевски и неговите директори го следеа мојот пример, денес ќе заштедевме 1.000.000 евра и ќе имавме уште една градинка за децата од градот Куманово“, наведува Кадриу.

    На последната седница на Советот, Кадриу беше жестоко критикуван за неговата работа и негативната финансиска состојба во ЈП „Пазаришта“ од советниците на власта, додека тој се правдаше дека тие се единственото општинско претпријатие кое не дава услуга за која директно ќе наплаќа од граѓаните како што е случајот со другите претпријатија, туку зависи од вољата на закупците. Исто така наведе дека Општината не дала поддршка на неговите проекти за модернизација на зелениот пазар.