×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дискриминацијата кон лицата со хендикеп се зголемува,локалните политики не ги одразуваат нивните потреби

    10.02.2023 15:17 | Жаклина Цветковска

    Ниедна политика во Македонија не е усогласена со Конвенцијата за правата на лицата со хедикеп,општините многу малку ги спроведуваат обврските што произлегуваат од меѓународниот договор,  а потребите на овие лица речиси воопшто не се вклучени во локалните политики, беше истакнато на денешната прес конференција на Здружението „Хендикеп плус“ од Крива Паланка , кое го промовираше проектот „Регионални политики по прашањето на хендикеп“, поддржан од Министерството за надворешни работи на Бугарија од програмата „Бугарска помош за развој“.

    Дискриминацијата кон лицата со хендикеп се зголемува,локалните политики не ги одразуваат нивните потреби

    „ Лицата со хендикеп обично се третираат врз основа на медицински пристап, а не врз основа на нивните права, културниот и развоен идентитет и инклузивната еднаквост. Постојано зборуваме за пристапност, а главниот непријател е свеста за прифаќање на различните од нас. Ако работиме на подобрување на правата и условите само на лицата без хендикеп, тоа значи дека ние нема да можеме да се вкопиме во нив, но ако се унапредат потребите на лицата со хендикеп, тие ќе бидат благородни за сите“, истакна Елена Кочоска, експерт во областа, и самата лице со хендикеп. 

    Бранкица Димитровска, претседателка на „Хендикеп плус“ рече дека повеќе од 30 години бара општината да и стане достапна и дека за првпат остварува соработка со локалната самоуправа.
    „Од општината вчера побараа совет од мене и ме прашаа каде треба да биде поставена рампата, како да се направат пристапни тротоарите.Првпат наидувам на општинска администрација која прашува и сака да помогне“, рече Димитровска.
    Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, призна дека општините многу малку знаат и ја применуваат Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп. 
    „Како креатори на политики отворени сме за искрен дијалог, сакаме да градиме партнерски однос и да изнаоѓаме соодветни решенија. Бараме нивна помош и поддршка да не насочат како да обезбедиме подобри услови за лицата со хендикеп и да носиме политики кои ќе бидат во согласност со начелата и обврските на Конвенцијата“, посочи Митовски.
    Проектот на „Хендикеп плус“ предвидува мапирање и идентификување на локалните и регионални политики и нивно усогласување со меѓународниот дијалогот, зајакнување на капацитетите на организациите на лицата со хендикеп, нивно врежување и застапување при носењето локални политики , како и зголемување на свеста за пристапот кон човековите права.
    На промотивната конференција присуствуваше и сопругата на бугарскиот амбасадор во Македонија, Билјана Ангелова која истакна дека Бугарија инвестира во социјални проекти во државата.