×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дивата депонија во Бедиње гореше по четврти пат за една недела

    27.01.2020 14:11 | KumanovoNews

    Во текот на вчерашниот ден гореше дива депонија во населбата Бедиње.

    Дивата депонија во Бедиње гореше по четврти пат за една недела

    Жителите на околните населби кажуваат дека биле запалени гуми, пластика, смет, па црниот чад и лошата миризба на изгорено се прошириле до излезот на градот.

    Од Територијалната противпожарна единица во Куманово(ТППЕ), кажуваат дека пожарот го гаснеле 2,5 часа.

    - Пожарот кај нас е пријавен во 14.17 часот, на запалена дива депонија во населбата Бедиње.  Интервенирано е до 16.50 часот со 2 возила и 4 пожарникари. Гореле гуми, пластика, ѓубре и делови од возила.  Ова е четврта интервенција за шест дена. Во вторникот на 21 јануари интервениравме два пати во утринските и во вечерните часови, а на 24 и 26 јануари, односно во петок и недела, наши екипи гаснеа на истата локација, - соопштуваат од ТППЕ.

    Од Инспекциската служба на Општина Куманово информираат дека тие вчера излегле на терен, но не било откриено кој го предизвикал пожарот. Во текот на денот ќе направат уште една контрола за да утврдат кој ја создава и кој ја пали депонијата.

    - Ги повикуваме граѓаните доколку видат дека некој пали, да се охрабрат да се јават или да фотографираат и да пријават во инспекциските служби, бидејќи без докази ние не можеме да отпочнеме прекршочна постапка, - велат инспекторите за заштита на животна средина.

    Граѓаните беа вознемирени од вчерашниот пожар бидејќи се слушале и експлозии при горењето на отпадот, а чадот дополнително го загади воздухот, па синоќа не можеше да се дише во градот.