Дизелот поевтинува
09.12.2025 16:17
| KumanovoNews
Малопродажната цена на еуродизел (Д-Е V) се намалува за 1 ден/лит и ќе изнесва 68,50 ден/лит.
Цените на бензините еуросупер БС-95 (75 денари за литар), еуросупер БС-98 (77 денари за литар) и на екстра лесното масло за домаќинство (66,50 ден/лит) не се менуваат, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,009 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 1 декември 2025 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 33,972 ден/кг.