Дизелот поскапува, бензините без промена

04.05.2021 - 14:39

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,26%.

Дизелот поскапува, бензините без промена

 Цените на Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 не се менуваат, а цените на Еуродизел (Д-Е V)  и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денари за литар.

Од утре по полноќ максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат: Еуросупер БС – 95 - 67 денари/литар, Еуросупер БС -98 – 69 денари/литар, Еуродизел БС (Д-Е V) 59 денари/литар, Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 58,50  денари/литар, Мазут М-1 НС 34,443 денари/килограм.


2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk