Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По полноќ дизел горивото ќе поскапи за 1,5 денари, додека бензинот од 95 октани за половина денар, а бензинот од 98 октани за 1 денар за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 81 денар за литар, Еуроспер БС-98 за 83,50 денари, додека дизелот ќе има цена од 79,50 денари за литар.
За половина денар се намалува цената на Екстра лесното масло за домаќинство кое од полноќ ќе се продава по цена од 76,50 денари за литар.
Се намалува цената на Мазутот М-1 НС за 0,620 ден/кг, во однос на претходно утврдената цена. Новата цена на мазутот ќе биде 40,732 ден/кг.