Мени

Дизелот поскапува за 3,5 денари, бензинот останува со иста цена

23.03.2026 16:29 | KumanovoNews

Од полноќ цената на дизелот поскапува за 3,5 денари, додека цената на бензинот останува иста поради намалување на ДДВ од 18 на 10 отсто.

Дизелот поскапува за 3,5 денари, бензинот останува со иста цена

Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука за определување на малопродажните цени на нафтените деривати со вклучена повластена стапка на додадена вредност од 10%, со што изврши усогласување со измените од Законот за данок на додадена вредност .

Цените на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 не се менуваат и остануваат 86,50 денари односно 88.50 денари. Цената на Еуродизелот се зголемува за 3,50 денари за литар и ќе изнесува 95,50 денари, дека на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 2,50 денари за литар и ќе изнесува 92 денари за литар. Цена на Мазутот се зголемува за 0,157 денари за килоград и сега ќе изнесува 47,610 денари.

Доколку останеше на сила ДДВ од 18 % цената на бензините ќе беше повисока за 6,50 денари,  а дизелот за 10,50 денари.