Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На прес конференција ВМРО - ДПМНЕ го промовираше канидатот за градоначалник Зоран Георгиевски, хирург во Општа болница Куманово.
Претседателот на ОК на ВМРО - ДПМНЕ Куманово, Мирослав Стојановски рече дека Централниот комитет донел одлука да го поддржи Зоран Ѓеорѓиевски, бидејќи нема црна дамка во своето работење. Ѓеорѓиевски се заблагодари на премиерот Никола Груевски, на партијата и членството за довербата и поддршката која му ја даваат. За себе кажа дека има 27 годишна работа како хирург каде помогнал на многу луѓе од различни етнички заедници.
Со години во Куманово владее само една политичка гарнитура, со години ништо не се менува, градот тоне. Наместо 100 чекори, Куманово не мрдна ниту еден чекор напред. На Куманово му се потребни реформи како и во другите градови каде владее ВМРО - ДПМНЕ. За престојните избори можам да ви го ветам: отварање на Технолошка развојна зона на коридор 8 и 10, изградба на современ комплекс за бањски туризам, во месноста Кумановска стара бања, изградба на нова модерна санитарна депонија и санирање на старата градска времена депонија во село Пчиња, изградба на водоводна и канализациона мрежа во повеќе населени места во Општина Куманово и адаптација со амбиентално уредување на улица Илинденска во пешачка зона во Општина Куманово - изјави Ѓеорѓиевски.
Тој додаде дека за две недели програмата ќе биде целосна готова и дека она што го ветува ќе го исполни.
Не сакам празни ветувања, за мене зборот вреди. Како што несакам моите деца да си заминат од Куманово, така посакувам секој граѓанин да остане тука, каде ќе му се даде можност за подобар и поквалитететн живот- нагласи Ѓеорѓиевски.
Ѓеорѓиевски кажа дека идеолошки отсекогаш бил приврзан на ВМРО - ДПМНЕ, а од скоро официјално е член на партијата.